Јапонската префектура бара од војската да интервенира поради честите напади од мечки

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гувернерот на јапонската префектура Акита, планински регион во северна Јапонија, ја повика војската да помогне во заштитата на жителите од честите напади на мечки.

„Исцрпеноста на теренот го достигнува својот врв“, објави гувернерот Кента Сузуки на својот Инстаграм профил во неделата, најавувајќи дека планира лично да го посети Министерството за одбрана во вторник, објави Ројтерс.

Апелот на Сузуки следеше по смртоносниот напад на мечки во Акита во кој загина едно лице, а тројца беа повредени.

Јапонија годинава забележа рекорден број на пријавени напади на мечки низ целата земја, а локалните власти во Акита тврдат дека 54 лица се убиени или повредени во напади на мечки само оваа година.

Ова е нагло зголемување на бројот на напади на мечки оваа година, со оглед на тоа што минатата година имаше 11 такви напади.

Share This Article