Background

Јаневска ги негира наводите за префрлување на ученикот

Министерството за образование и наука се уште е во процес на барање најсоодветно решение за момчето од ОУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа ги негираше наводите за изјави од родители на деца од ова училиште дека до училиштето стигнало писмо од МОН во коешто се вели дека третооделенецот ќе биде испишан и запишан во друга општина.

– Информацијата не е точна дека има такво писмо од МОН. Прашање дали детето е проблематично или системот е проблематичен, и системот не е спремен да се справи со проблемите кои се појавуваат во него. МОН постапува според закони и свои можности, иако ингеренциите на МОН во овој случај се најмали. Тука многу поголеми ингеренции имаат училиштето, општината, социјалните служби. Но, ние детето нема да го напуштиме и се уште сме во процес на барање на најсоодветно решение за момчето – рече министерката Јаневска на новинарско прашање.

- Advertisement -
Ad image

МОН во декември лани, формираше интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар. Комисијата требаше да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

Третоодделенецот од чие однесување се жалеа родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, па одлуката беше повлечена, а ученикот требаше да се врати во матичното училиште „Лазо Ангеловски“. Следеше повторно бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“. Проблемот времено беше надминат со донесување заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation