„Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако денеска беше осуден на 3 ипол години затвор поради тоа што градел без дозвола.
Јакимовски е убеден дека против него се води хајка.
– Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите. Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами – рече Јакимовски, обвинувајќи дека бил вршен притисок и за да се изнудат изјави против него.
Јакимовски вели дека едни му поднеле пријава, а други му донеле пресуда, додека тој се бори за државата и почитување на законите. Потоа, рече дека очекувал ослободителна пресуда.
– Сто отсто аргументите се на моја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3 ипол години – рече Јакимовски
Пресудата не е правосилна и Јакимовски рече дека ќе се жали на ваква казна од политички причини а дека тој нема никаква вина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
