Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во државата е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во зглоб на лакт, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.
Интервенцијата, како што е наведено во соопштението, е изведена на клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.
„Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со радиолуцентни испитувања, кодирани во боја кои овозможуваат одредување на висината на самото место и визуелизација на проксималната улна и зглобот. Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра- инструментарка Елизабета Јовановска и рендген техничар, Тони Цветковски“, соопштија од Министерството за здравство.