Background

Извозот во Азија е двојно зголемен, а во Европа за 27%

Извозот на чисти нафтени производи од САД, што вклучува бензин, тежок бензин, дизел и керозин, достигна околу 3,11 милиони барели дневно во март, покажаа податоците од компанијата за следење на испораката Kpler.

Тоа покажува и дека има поголема побарувачка од европски, азиски и од африкански купувачи, бидејќи залихите од регионот на Персискиот Залив се намалија.

Во март, американските извозници испорачаа 414.000 барели дневно во Европа, што е речиси 27% повеќе отколку во февруари.

- Advertisement -
Ad image

Извозот на САД во Азија се зголеми повеќе од двојно, на 224.000 барели дневно, покажаа податоците, додека испораките до африканските клиенти се зголемија речиси тројно, на 148.000 барели дневно.

-Овие текови одразуваат ограничено глобално снабдување, што предизвика повлекување на барели од американскиот извозен центар на брегот на Мексиканскиот Залив. Колку повеќе нарушувањата околу Ормускиот теснец продолжат, толку повеќе ќе има дислокација на глобално ниво, што пак ќе предизвика отворање нови трговски патишта – вели аналитичарот на „Кплер“, Мет Смит.

Американските рафинерии минатиот месец испорачаа рекордна количина гориво на патишта што ретко се користеа порано, на пример, од брегот на Мексиканскиот Залив на САД до Австралија.

Така, на пример, околу 72.000 барели дневно чисти нафтени производи беа испорачани од американскиот источен брег до Европа минатиот месец. Според податоците на „Кплер“, поголем обем на гориво беше испорачан преку таа рута само во септември 2024 година, вкупно 84.000 барели дневно.

Зголемувањето на испораките на гориво од САД на странските пазари би можело да претставува политички проблем за претседателот Доналд Трамп, бидејќи Американците плаќаат повеќе од 4 долари за галон бензин за прв пат по три години.

Просечните цени на дизелот на американските бензински пумпи достигнаа речиси 5,5 долари за галон. Ова гориво главно се користи во транспортот на стоки и во индустријата, што значи дека зголемувањето на цената би можело да се прелее во сите категории производи, од храна до стоки за домаќинството, со што би можело да се запре целата економија.

И покрај повисоките цени, побарувачката за бензин во САД минатата недела изнесуваше 8,69 милиони барели дневно и беше за околу 191 илјада барели дневно поголема отколку во истиот период минатата година, а побарувачката за дизел и керозин исто така се зголеми, покажаа податоците од Министерството за енергетика во среда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation