Background

Изречени се десетици казни, надзорот продолжува во објекти кои организираат прослави

Десет кафулиња и клубови се казнети во изминатите денови поради разни прекршоци поврзани со одредби од Законот за угостителска дејност, а Државниот пазарен инспекторат во содејство со МВР во следните денови ќе продолжи со нови вонредни инспекции во објекти кои организираат прослави и забави, информираше портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција.

– Се обврзавме дека јавноста навремено и транспарентно ќе ја информираме за последните податоци од клучните наоди и ќе ги наведам следните чекори за следните предизвици. Информациите се следни. Изминатите денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Решенија за привремена забрана се изречени за 10 правни субјекти, клубови и кафулиња. Ова е кај сите различно, зависи од прекршокот. Некаде забраната е 10, 15, 20 или 30 дена. Утврдено е дека 15 од вкупно 23 кои имаат лиценца не исполнуваат минимални технички услови за лиценца. Кај нив ќе има забрана за работа и предлог за одземање на лиценца. Кај 6 правни субјекти кои немаат лиценца или истата им е истечена издадени се решенија за забрана за вршење дејност. Издадени се 59 прекршочни платни налози во вредност од 522.690 денари и по други основи, како што се одобренија за тераси и други неправилности.

Митева истакна дека целта на Владата е да создаде систем кој ќе им служи на граѓаните и најави решително и одговорно постапување и нови инспекции.

- Advertisement -
Ad image

– Во однос на идните чекори кои ќе се преземат, Државниот во координација со МВР почнува со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и забави, со посебен акцент се испитуваат минималните технички услови според Законот за угостителска дејност. Почитувани, бројките зборуваат сами за себе, но ја потврдуваат потребата од решително и одговорно постапување. Како Влада сме посветени на. Ќе се погрижиме сите институции да постапат по законот и да има целосна одговорност. Нашата цел не е само да реагираме туку да создадеме систем кој ќе работи превентивно и ќе им служи на граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation