Израелската армија суспендира цел резервен баталјон откога војниците нападнаа новинари од американската телевизиска мрежа Си-ен-ен во окупираниот Западен Брег.
Резервниот баталјон, кој се состои од стотици резервисти, кои служеле во ултраортодоксниот баталјон Неца Јехуда, ќе биде веднаш повлечен од Западниот Брег и префрлен на обука до понатамошно известување.
„Баталјонот ќе помине низ процес насочен кон зајакнување на неговите професионални и етички темели“, соопшти армијата на „Телеграм“ денеска.
Екипа на Си-ен-ен ги документирала последиците од нападот на израелските доселеници и воспоставувањето нелегална стража кога, според новинарите, биле нападнати и приведени од војници.
Дописникот Џереми Дајмонд напиша на платформата X дека војниците нападнале фоторепортер и привеле новинарска екипа.
Здружението на странските новинари (ФПА) соопшти дека новинарите јасно се идентификувале, но војниците постојано се обидувале да ги спречат да снимаат.
Еден војник наводно го зграпчил новинарот на Си-ен-ен за вратот, го фрлил на земја и му ја оштетил камерата. ФПА го опиша инцидентот како директен напад врз слободата на медиумите.
Израелската војска отвори истрага за инцидентот. Суспензијата на целиот баталјон има цел да ги одврати другите војници од слично однесување, според израелските медиуми.
Војниците од единицата наводно изразиле шок од она што го нарекле колективно казнување. Таквиот баталјон обично се состои од неколку стотици војници.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
