Најмалку 27 Палестинци загинаа, а десетици беа ранети откако израелската војска отворила оган во близина на пункт за дистрибуција на храна во јужниот дел на Појасот Газа во вторникот, соопштија локалните здравствени власти, објави Ројтерс.
Ова е трет ден по ред на хаос и на крвопролевање што ја погодува операцијата за хуманитарна помош.
Израелската војска соопшти дека нејзините сили отвориле оган кон група лица кои го напуштиле определениот коридор за пристап до пунктот за дистрибуција во Рафа.