Background

Израелската влада синоќа го изрази своето сочувство до Католичката црква и католичката заедница низ целиот свет по смртта на 88-годишниот папа Франциск, три дена откако тој почина

Израелската влада синоќа го изрази своето сочувство до Католичката црква и католичката заедница низ целиот свет по смртта на 88-годишниот папа Франциск, три дена откако тој почина, јави ДПА.

„Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и католичката заедница низ целиот свет по смртта на папата Франциск. Нека почива во мир“, се вели во објава од канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Односите меѓу Израел и Ватикан значително се влошија по војната во Газа.

- Advertisement -
Ad image

Папата Франциск постојано ги критикуваше постапките на Израел на палестинската територија, на која живеат и околу 1.000 христијани.

За разлика од многу други земји кои ги испраќаат своите лидери на погребот на папата в сабота, Израел ќе биде претставен само од израелскиот амбасадор, објави „Тајмс оф Израел“.

Според израелските медиуми, израелската Влада ја избришала пораката со сочувство по смртта на папата неколку часа откако беше објавена на социјалните медиуми.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation