Background

Израелската армија ги испрашувала вработените во главното складиште

Главната резиденција на персоналот на Светската здравствена организација во Газа и главното складиште биле трипати нападнати од Израелската армија информираше генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус.

Организацијата во официјална објава на Икс бара ослободување на вработен кој бил притворен по претресите на армијата.

„Израелската војска влезе во објектите, принудувајќи ги жените и децата да се евакуираат пеш кон Ал-Маваси среде активен конфликт“, се вели во соопштението на СЗО.

- Advertisement -
Ad image

Понатаму, се додава:

„Машкиот персонал и членовите на семејствата беа врзани со лисици, соблечени, испрашувани на самото место и прегледани под закана со оружје. Двајца вработени во СЗО и двајца членови на семејствата беа приведени. Тројца подоцна беа ослободени, додека еден вработен останува во притвор“.

 

 

Според СЗО, Израелската армија уапсила четири лица, од кои три биле пуштени.

– Машкиот персонал и членовите на семејствата беа врзани со лисици, соблечени, испрашувани на самото место и прегледани под закана со оружје – истакна Гебрејесус.

Првиот човек на СЗО информираше и дека во напад било оштетено и главното складиште на СЗО. Во објектот одекнале експлозии и избувнал пожар.

– Како водечка агенција за здравство, компромитирањето на операциите на СЗО ја осакатува целокупната здравствена реакција во Газа. Прекинот на огнот не е само неопходен, туку е и одамна задоцнет – изјави Тедрос.

Израелската армија првично не ги коментираше инцидентите.

Војската влегла во југозападниот дел на Деир ал-Балах во вчера наутро за да се бори против палестинската милитантна организација Хамас. Претходно армијата повика илјадници Палестинци да ги напуштат погодените населби во правец на Ал-Маваси.

Израел претходно се воздржа од воени акции во Деир ал-Балах, бидејќи постоеше сомнеж дека таму се наоѓаат заложници киднапирани од Хамас.

Ал-Маваси во југозападниот дел на конфликтната област претходно во војната беше означена од Израел како „хуманитарна зона“. Меѓутоа, израелската војска оттогаш повеќе пати нападнала и таму.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation