Израел најави дека ќе го спречи бродот со климатски активисти, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, да достави помош во Појасот Газа.
Тунберг со уште 11 активисти тргнаа со брод од сицилијанското пристаниште да достават „симболична количина хуманитарна помош во Газа“. Бродот „Мадлин“ го управува активистичката група „Коалиција на флотилата на слободата“ (FFC).
– Го правиме ова затоа што, без оглед на пречките, мора да се обидеме. Бидејќи во моментот кога ќе престанеме да се обидуваме, ја губиме нашата човечност – рече Тунберг на прес-конференција пред заминувањето.
Таа додаде дека „без оглед на тоа колку опасна може да биде оваа мисија, таа не е ни блиску до опасноста што ја претставува молчењето на целиот свет пред лицето на геноцидот“.
Израел остро ги отфрли обвинувањата дека во Газа се случува геноцид.
Портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Едфрин, изјави дека израелската војска е подготвена да дејствува доколку бродот се обиде да се приближи до брегот на Газа.
– Подготвени сме и за овој случај. Имаме искуство стекнато во последните години рече тој.
Во 2010 година, Израел предизвика меѓународна осуда откако специјалните сили убија девет лица кои беа на брод што превезуваше хуманитарна помош за Газа.
Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) вчера предупреди дека ситуацијата во Газа станала „полоша од пеколот на земјата“ откако центрите за дистрибуција на помош беа затворени еден ден.
Tagged as:
Израел најави дека нема да дозволи бродот да се приближи до брегот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
