Светската програма за храна на ОН објави дека само неколку пекари во Појасот Газа повторно започнале со производство и дистрибуција на леб, откако Израел дозволи влез на камиони со хуманитарна помош.
„Неколку пекари од јужна и централна Газа го обновија работењето откако десетици камиони стигнаа до граничниот премин Керем Шалом и доставија неопходна помош“, наведуваат од Светската програма за храна.
Пекарите сега активно произведуваат и дистрибуираат леб преку локални кујни за топол оброк, обезбедувајќи помош за оние што најмногу имаат потреба.