Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) соопштија дека израелските беспилотни летала испукале четири гранати во близина на нивниот персонал кој ги расчистувал блокадите на патот кон пунктот на ОН во вторник наутро.
„Ова е еден од најсериозните напади врз персоналот и опремата на УНИФИЛ од договорот за прекин на огнот минатиот ноември“, се вели во соопштението на УНИФИЛ во среда.
Една граната паднала на 20 метри, а три на приближно 100 метри од персоналот и возилата на ОН.
УНИФИЛ соопшти дека израелската војска била однапред известена дека мировниците ќе ги отстрануваат блокадите на патот во областа југоисточно од селото Марвахин.
Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно ја продолжи мировната мисија во Либан до крајот на 2026 година, по што ќе започне безбедно и уредно повлекување.
УНИФИЛ, основани во 1978 година, патролираат по јужната граница на Либан со Израел.