Излегоа детали на површина, еве зошто можеби Мишел не доаѓа на инаугурацијата на Трамп

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако не присуствуваше на погребот на Џими Картер, поранешната прва дама, Мишел Обама, нема да присуствува ниту на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на 20 јануари, а се шпекулира дека причината не е само тоа што не ѝ се допаѓаат ставовите на новоизбраниот претседател. Една од шпекулациите е можен развод помеѓу Мишел и Барак Обама поради наводна афера на нејзиниот сопруг.

Мишел Обама не беше ни меѓу високите личности на неодамнешниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер.

Како што беше откриено, таа е на Хаваи, без сопругот, а некои нејзиното отсуство од јавниот живот го толкуваат како желба да го избегне Трамп, кого претходно, за време на кампањата, го обвини за „грди, мизогинистички и расистички лаги“.

Со оглед на нејзиното необично однесување, кога го спомна нејзиниот сопруг Барак Обама во една неодамнешна емисија, се шпекулираше дека нешто не е во ред со нивниот брак. Згора на тоа, пред неколку месеци поранешниот американски претседател беше поврзуван со една од најпознатите актерки во светот.

Последен пат кога Мишел го спомна Барак Обама

За време на гостувањето во емисијата на нејзината пријателка Џенифер Хадсон, кога ја прашале за нејзиниот сопруг, Мишел одговорила дека Барак е добро.

– Добро е, добро е. Да, да. Тој сè уште работи премногу, знаете. Но, мислам дека тоа е нешто што тој секогаш ќе го прави – рекла таа.

Таа потоа открила дека семејството ќе го помине Божик на Хаваи, каде што е роден Барак, и се пошегува дека тоа е еден од најголемите квалитети на Обама.

– Ајде да одиме на островот по малку сонце и да се обидеме да се опуштиме. Така треба да изберете маж. Ми стана многу посладок кога дознав дека е од Хаваи – се пошегувала Мишел Обама.

Која актерка се поврзува со Барак Обама?

Иако нивниот брак се смета за идеален, од 1992 година кога се венчаа, па и порано, се шпекулира дека политичарот ја изневерува својата сопруга.

- Advertisement -
Ad image

Последен пат тоа се случи пред само неколку месеци, во октомври, кога таблоидите напишаа дека Обама се гледа со холивудската актерка Џенифер Анистон. Ѕвездата од серијата „Пријатели“ веднаш ја осуди шпекулацијата како „апсолутна лага“, објави Дејли мејл.

Озборувањата потекнуваат од поткастот „Ху? Викли“ (Who? Weekly), во кој се вели дека Мишел и Барак Обама водат одвоени животи и дека тој има афера со Анистон, која веднаш одговорила во една од емисиите дека тоа нема смисла.

– Го запознав еднаш. Ја познавам Мишел подобро од него – рекла Анистон.

- Advertisement -
Ad image

Дали Обама ја изневерил сопругата?

Според биографијата на Обама, напишана од добитникот на Пулицерова награда Дејвид Гароу; Шила Мијоши Џегер, со која Барак Обама речиси се ожени пред да ја запознае Мишел, тврдела дека тие одржувале контакт во 1990-те и имале повремена врска додека тој бил со Мишел веќе неколку години.

– Секогаш се чувствував лошо поради тоа – изјавила неговата поранешна љубовница.

Кон крајот на 2013 година, весникот „Нешнал инквајер“ тврдеше дека бракот на Обама се распаднал откако Мишел дознала дека Тајната служба ја прикривала прељубата на нејзиниот сопруг.

Тие наводно постојано се расправале откако Обама позирал за селфи со данската премиерка, Хеле Торнинг Шмит, на комеморацијата по смртта на Нелсон Мандела, додека Мишел бесна седела до него.

Share This Article