Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Гренланд им е потребен на САД заради безбедноста.
– Гренланд ни треба за националната безбедност. Мора да го имаме – изјави Трамп вчера во Палм Бич, Флорида.
Тој укажа на наводното присуство на Москва и Пекинг околу геостратешки лоцираниот остров.
– Ако го погледнете Гренланд, по должината на брегот, насекаде има руски и кинески бродови – рече американскиот претседател.
Трамп во неделата го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд. „Тој треба да ја турка работата напред“, рече Трамп.
Ландри на платформата X напиша дека му е чест во таква улога да учествува во правењето на Гренланд дел од САД.
На тоа реагираа данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен со заедничка изјава: „Не може едноставно да се анектира друга земја. Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните.“
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен најави дека ќе го повика американскиот амбасадор Кенет Хаури на консултации.
– Ова е, секако, целосно неприфатливо – изјави Расмусен за ТВ2.
Премиерката Фредериксен на Инстаграм напиша: „Ова е тешка ситуација во која нè ставаат нашите долгогодишни сојузници.“
Гренландскиот премиер Нилсен на Фејсбук коментираше: „Оваа најава ништо не менува. Ние одлучуваме за нашата сопствена иднина.“
Гренланд е автономна територија на Кралството Данска со околу 57.000 жители. Неговата стратешка положба го прави важна локација за американскиот систем за ракетна одбрана.
Покрај тоа, богатството на минерали го буди интересот на САД да ја намалат зависноста од кинески извоз.
Политикологот Микел Ведби Расмусен од Универзитетот Копенхаген за Ројтерс оцени дека назначувањето на пратеникот покажува дека инвестициите на Данска во арктичката одбрана и пријателските гестови кон САД не дале никаков ефект.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
