Background

Изјавите на поранешната обвинителка од СЈО Лејла Кадриу дека во институцијата постоеле сериозни проблеми и постапувања зад затворени врати, не се изненадување за правосудната фела

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Изјавите на поранешната обвинителка од СЈО Лејла Кадриу дека во институцијата постоеле сериозни проблеми и постапувања зад затворени врати, не се изненадување за правосудната фела, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за порталот Република.мк.

- Advertisement -
Ad image

– Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите – вели Цветановски.

Како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во втор степен по жалби во предмети на СЈО, Цветановски вели дека имал увид во повеќе нивни обвиненија.

– Во сите предметни обвиненија констатирани се голем број процесни пропусти – поднесени обвиненија со слаб корпус на докази, потпирајќи се само на незаконито прислушкуваните материјали, но и други недостатоци. Тоа беше презентирано пред Апелацискиот суд на јавни седници и расправи, а согласно внатрешните процедури изготвени се службени материјали доставени во Републичкото јавно обвинителство – наведува тој.

Според Цветановски, по згаснувањето на СЈО не била извршена комплетна ревизија на сите предмети и административни акти поврзани со СЈО.

– Предметите ги презедоа скоро истите јавни обвинители кои ги обработувале и во СЈО. Од тие причини во тој момент немало притисоци врз други обвинители, бидејќи немале контакт со тие предмети – вели Цветановски.

Затоа, според него, потребна е комплетна и независна ревизија на работата на СЈО, зашто таквиот пристап ќе овозможи да се утврдат дали СЈО работело законито, професионално и независно.

– Сепак, и од оваа временска дистанца не е касно, можност која ќе може да искористи новиот државен јавен обвинител. Јавниот обвинител со својата работа не смее да продуцира правна несигурност, туку напротив, треба да биде гарант за една правна држава во која секој граѓанин ќе биде сигурен во неселективната правда – вели Цветановски.

Обвинителот Цветановски тврди дека и кон него лично имало притисок. Клучниот момент, според него, бил предметот „Бонусите на СЈО“. Тој тврди дека од него било побарано да го потврди првостепеното решение за отфрлање на кривичната пријава против обвинители од СЈО, а откако донел спротивна одлука и го укинал решението на ОЈО за ГОКК, против него бил инициран надзор и дисциплинска постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation