Background

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија, влегува во завршна фаза

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија, влегува во завршна фаза, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски најави дека дел од автопатот Кичево – Охрид, на кој се чека повеќе од деценија, ќе биде пуштен пред ова лето.

– Зборот стои! Има бројни проблеми, но ги решаваме. Сега ќе има законски измени што ќе ја олеснат изградбата на оваа делница, на владина седница, а наскоро и во Собранието. Пред почетокот на летната сезона ќе пуштиме 40 километри. Оваа делница го опфаќа делот од селото Врбјани до Охрид, со еден пресек кај селото Ботун, каде што има проблеми со косините – рече Николоски во гостување на ТВ Сител.

- Advertisement -
Ad image

Со целосното завршување, кое се очекува до крајот на 2025 година, Македонија ќе добие модерна сообраќајна инфраструктура, која ќе биде од клучно значење за туризмот и економскиот развој на регионот.

Автопатот е долг 57 километри и истиот ќе овозможи побезбедно и побрзо патување меѓу Кичево и Охрид, намалувајќи го времето на возење за повеќе од половина.

Проектот, кој започна во 2014 година, се соочи со бројни предизвици, вклучително геотехнички проблеми, дополнителни градежни работи и финансиски зголемувања. Првично предвидената инвестиција од 374 милиони евра се зголеми на околу 598 милиони евра, а крајниот рок за завршување неколкупати беше пролонгиран, од Министерството за транспорт и врски уверуваат дека оваа сума нема дополнително да се менува, и покрај пролонгирањето на роковите.

Покрај автопатот Кичево – Охрид, се планира и изградба на дополнителна делница од Букојчани до Кичево, со што ќе се обезбеди целосно автопатско поврзување меѓу Охрид, Скопје, Струга и Кичево. За овој проект, обезбедени се 123 милиони евра преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 20 милиони евра се грант средства. Очекувањата се дека оваа делница ќе биде завршена до крајот на 2028 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation