Идниот државен јавен обвинител треба да биде посветен професионалец, во Владата сè уште не разговараме за конкретни имиња, рече денеска вицепремиерот Изет Меџити прашан дали меѓу коалициските партнери веќе се разговара за имиња за нов државен обвинител кој ќе го наследи актуелниот Љупчо Коцевски.
– Во принцип, не зборуваме за име, зборуваме дека треба да биде професионалец којшто ќе придонесе да се врати довербата на граѓаните во судството и обвинителството – рече Меџити.
Ако Министерството за правда до следната редовна седница на Владата го изготви предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски, односно, до наредниот вторник, оваа точка би се нашла на дневниот ред, рече Меџити.
На последната седница на Владата Министерството за правда доби задолжение да достави предлог за разрешување на обвинителот Коцевски. Предлогот потоа ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители, од каде што е потребно да се добие позитивно или негативно мислење во рок од 15 дена. На истата седница Владата го разгледа мислењето за обвинителот од Министерството за правда, врз основа на кое донесе одлука да се изработи предлог за негово разрешување.
Tagged as:
Изет Меџити
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
