Background

ИТНО: Агенцијата за заштита на лични податоци да реагира – Макотен ДООЕЛ постави неавторизирани камери во комплексот „Парк”

Работењето на Макотен ДООЕЛ Гевгелија во Охрид во туристичкиот комплекс „Парк” повторно се судрува со закон. Овој пат до редакцијата на Охридскај се обратија граѓани кои имаат свои стамбени единици во комплексот „Парк”, а кои го обвинуваат правното лице „Макотен” дека спротивно на законските прописи, без согласност од станарите, поставиле мониторинг систем – камери низ целиот стамбен комплекс „Парк” каде е лоцирано и казиното „Фламенго” на Макотен.

Нарушување на приватноста

На ваков начин Макотен/Фламинго ја нарушуваат во целост приватноста на станарите и гостите на овој комплекс. Поставувањето на камери за видео-надзор во стамбени згради претставува сериозно прашање кое се допира до основните права на граѓаните за приватност и заштита на личните податоци.

Според важечките законски прописи во Република Северна Македонија, поставувањето на системи за видео-надзор во стамбени комплекси бара согласност од сите засегнати станари. Управувачот на зградата или правното лице кое сака да постави ваков систем мора да го информира и да добие одобрение од сопствениците на становите миниум согласност од 70% од станари.

Правни аспекти

- Advertisement -
Ad image

Законот за заштита на личните податоци јасно регулира кога и како може да се користат камери за надзор. Во стамбени згради, овие системи можат да се поставуваат единствено во заеднички простории и само со претходна согласност на станарите. Дополнително, мора да се обезбеди транспарентност во однос на тоа кој ги контролира снимките и како се користат собраните податоци.

Граѓаните кои се чувствуваат повредени од ваквите дејствија имаат право да поднесат пријава до Агенцијата за заштита на личните податоци, како и до другите надлежни институции.

Итен повик до Агенцијата за заштита на лични податоци

Поради сериозноста на случајот и очигледното кршење на законските прописи, повикуваме ја Агенцијата за заштита на лични податоци веднаш да реагира и да спроведе итна инспекција на комплексот „Парк” во Охрид. Граѓаните не смеат да бидат изложени на ваков вид на злоупотреба и нарушување на нивната приватност.

Агенцијата мора да:

  • Спроведе итна теренска инспекција на поставените камери
  • Утврди дали е прибавена законска согласност од станарите
  • Провери дали се почитуваат прописите за заштита на лични податоци
  • Преземе санкции против одговорните лица доколку се утврдат прекршоци

Потреба од решавање

Овој случај укажува на потребата од построга контрола и спроведување на законските прописи кои се однесуваат на заштитата на приватноста во стамбените комплекси. Институциите мора да преземат конкретни мерки за да се заштитат правата на граѓаните и да се спречат вакви злоупотреби во иднина.

Станарите на комплексот „Парк” се очекува да преземат правни мерки за заштита на своите права, додека надлежните органи треба да спроведат детална истрага за утврдување на фактите и преземање на соодветни санкции доколку се утврдат прекршоци на законот.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation