Италијанецот за титулата ќе игра против Зверев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, бранителот на титулата во Мелбурн, е вториот финалист на Австралија опен, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:0 (7:6, 6:2, 6:2) за 2 часа и 36 минути игра.

Синер во финалето, кое е на програма во недела, ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој рано утринава стигна до мечот за титулата откако Новак Ѓоковиќ го предаде мечот по губењето на првиот сет.

Италијанецот ќе игра за својот трет, а Германецот за својот прв Гренд слем трофеј во кариерата.

Share This Article