Background

Истрелани се над 40 крстостувачки ракети, алармите се вклучија во Киев

Русија нападна со повеќе од 40 проектили Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руските сили лансирале повеќе од 40 проектили. Пристигнаа и првите снимки од последиците од нападот, на кои се гледа џиновски кратер од руски проектил во регионот Лавов во западна Украина.

„Целта за Русите е непроменета: нашиот енергетски сектор. Целта беше гасната инфраструктура и енергетските капацитети кои обезбедуваат нормален живот на луѓето. Беа лансирани повеќе од 40 проектили, вклучително и балистички. Најмалку 30 од нив беа соборени.  Беа лансирани и повеќе од 70 руски дронови“, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Украина во вторникот со дронови го нападни гасоводот Турски тек и повеќе воени и индустриски локации и го нарече најголем напад од почетокот на војната. Руското Министерство за одбрана се закани со одмазда.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Властите во западна Украина денеска објавија дека критичната инфраструктура била погодена во „масивен“ руски ракетен напад. На удар се региониоте Чернихив на северот, Полтава во централна Украина и Миколаев на југот од земјата.

Група стратешки бомбардери Ту-95МС учествуваше во нападот утринава, кој полета од аеродромот Олења во областа Мурманск.

Покрај тоа, Русите лансираа балистички ракети од регионот на Белгород. Засега нема извештаи за жртви или за материјална штета.

Украинските воздухопловни сили известија дека руските сили користеле крстосувачки ракети Kх-101, Кх-22 и Калибр во нападот утринава. Проектили беа истрелани и кон родниот град на Зеленски, Криви Рих.

 

 

За среќа нема жртви, извести шефот на воената управа на Ивано-Франковск. Регионот Лавов и неговата енергетска инфраструктура беа нападнати со крстосувачки ракети. Штетата се уште се проценува .Во шест региони се воведени вонредни прекини на струја.

Во меѓувреме, Полска ги крена своите авиони и е на готовс. Зеленски допатува во Варшава за да се сретне со полскиот премиер Доналд Туск. Двете земји ги надминаа разликите во спорот од Втората светска војна.

Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакрите на украинските националисти во текот на Втората светска војна. Илјадници Украинци, исто така, загинаа како одмазда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation