За долг и здрав живот најважно е што и како јадете, вели Валтер Лонго, експерт за долговечност.
Лонго студира долговечност во Италија веќе 20 години, а на оваа тема работи од 1989 година. Преку истражување на животни, како што се глувците, неговиот тим открил дека одредени диети можат да ги поправат клетките, да го намалат воспалението и да ја подобрат ефикасноста на третманите за рак, како што е хемотерапијата.
„Човечките податоци, исто така, сугерираат дека ова е веројатно точно кај луѓето“, вели Лонго, но додава дека се потребни дополнителни клинички истражувања за целосно да се разберат механизмите што влијаат на телото.
Сепак, тој тврди дека е можно да се усвои диета која не само што го подобрува здравјето и го продолжува животот, туку и го намалува ризикот од развој на рак, пренесува nova.rs.
Две намирници кои можат да придонесат за долговечност
Диета која имитира пост
Лонго, директор на Институтот за долговечност на Универзитетот во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, го разви концептот на диета која имитира пост (FMD). Оваа диета трае пет дена и се базира на незаситени масти, додека внесот на калории, протеини и јаглехидрати е намален.
Принципот на диетата вклучува 12-часовен пост секој ден, пет дена:
„Јадете, да речеме, од 8 до 20 часот, а потоа постете од 20 до 08 часот“, објаснува Лонго.
За пациентите со рак, Лонго препорачува 14-часовен пост во интервали од пет дена. Студијата објавена во JAMA Oncology во 2017 година покажа дека жените со рак на дојка кои постеле 13 часа или повеќе имале помал ризик од повторување на болеста во споредба со оние кои не постеле.
По третманот, треба да почекате неколку дена пред повторно да ја започнете диетата.
Диета за долговечност
Тоа подразбира следново:
Претежно билни состојки
Малку овошје, но многу зеленчук
Јаткасти плодови
Цели зрна како кафеав ориз и киноа
Мешунките
Риба (3-4 пати неделно)
Оваа диета содржи протеини, но не повеќе од препорачаната дневна доза, со многу малку сирење. Лонго советува да избегнувате црвено месо, како и бело месо (пилешко, мисирка) и генерално да го намалите внесот на производи од животинско потекло.