Background

Историски пресврт на 21 март ја смени геополитиката

На 21 март 1935 година се случил тивок, но историски пресврт. На персиската Нова година, Новруз, државата официјално побарала да се користи името Иран наместо Персија. Одлуката ја донел владетелот Реза Шах Пахлави. Потегот бил административен, но со длабока политичка порака.

Име старо со векови, ново за светот

Името Иран не било ново за жителите. Со векови тие така ја нарекувале својата земја.Значењето доаѓа од староперсиски корени. Се преведува како „земја на Ариевците“.

Од друга страна, името Персија доаѓа од античка Грција. Грците ја именувале империјата по регионот Персис, денешен Фарс. Името се задржало во Европа со векови. Но не ја одразувало целосно реалноста во државата.

Политичка порака за модерна држава

- Advertisement -
Ad image

Реза Шах Пахлави сакал модернизација. Владеел од 1925 година и се ориентирал кон европски модели. Промената на името била дел од поширока стратегија. Целта била јасна. Да се изгради силен национален идентитет. Да се оттурне сликата за „егзотична Персија“ што ја градел Западот.

Името Иран требало да покаже сувереност. Да испрати порака за современа држава.

Пахлави владеел со Иран од 1925 до 1941 година, кога бил принуден да абдицира под притисок од Британија и Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, по што власта ја презел неговиот син Мохамед Реза Пахлави, кој останал на тронот сè до Иранската револуција во 1979 година.

 

 

Конфузија на Запад, компромис подоцна

Промената не поминала лесно. На Запад, името Персија било длабоко вкоренето. Особено во културата и науката.

Во 1959 година следел компромис. Двете имиња биле дозволени во меѓународна употреба. Сепак, во политичка смисла, името Иран останало доминантно.

Персија не исчезна, остана во културата

И покрај промената, Персија не исчезнала. Таа продолжила да живее во културниот контекст. Се зборува за персиска литература, теписи и кујна.

Името Иран стои на картата, но Персија живее во идентитетот на Иранците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation