Српската поп пејачка Јелена Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на „Еко гардата“: „Ти дадов 24 часа“.
Петицијата на иницијатива на групата „Еко стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.
Карлеуша не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.
На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува хрватски „24сата“.
„Еко стража“ испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата „Еко стража“.
– Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на „Еко стража“, Бојан Симишиќ.
„Еко стража’ ја објави преписката на својот профил на Икс, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.