Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери. Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари, велат од Владата.
Со сегашното зголемување, како што појаснуваат, најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.
„Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот. Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж. Грижата за пензионерите е наша обврска и цел“, се вели во денешното владино соопштение.
Како Влада, додаваат, продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
