Топ Вести - Слушај сега
Испливуваат нови шокантни детали за масовното пукање во средното училиште во Тамблер Риџ, во канадската провинција Британска Колумбија, во кое според досега познатите информации загинаа 9 лица, а околу 25 се повредени, од кои неколку се во критична состојба.
Нападот се случи во вторникот околу 13:20 часот по локално време. Полицијата по добиената пријава издала итно предупредување и интервенирала во училиштето, каде што бил пронајден и осомничениот – 18-годишниот Џеси Ван Рутселар, поранешен ученик, кој починал од прострелна рана којашто самиот си ја нанел.
Според официјалните информации, напаѓачот бил роден како машко, а пред околу шест години започнал промена на полот и се идентификувал како жена. Училиштето го напуштил пред четири години.
Жртви во училиштето и во домот
Во училиштето биле пронајдени шест жртви – една 39-годишна наставничка и пет ученици на возраст од 12 и 13 години (три девојчиња на 12 години и две момчиња на 12 и 13 години). Едно тело било најдено на скалите, а останатите во училишната библиотека.
Претходно, во семејниот дом, напаѓачот ги убил својата 39-годишна мајка Џенифер Странг и својот 11-годишен полубрат. Телата биле откриени околу 14:45 часот, откако сосед ја повикал полицијата. Со тоа, вкупниот број жртви достигна девет лица, заедно со напаѓачот кој се самоубил.
Оружје без дозвола, познат на полицијата
Во училиштето полицијата пронашла долга пушка и модифициран пиштол. Оружјето не било регистрирано на име на Џеси Ван Рутселар, иако тој имал дозвола за поседување оружје, но таа истекла во 2024 година.
Полицијата претходно интервенирала во семејниот дом поради загриженост поврзана со менталното здравје на осомничениот. Во еден период било запленето огнено оружје од куќата, но законскиот сопственик подоцна поднел жалба и оружјето било вратено. Засега не е потврдено дали станува збор за истото оружје кое е употребено во нападот.

Надлежните соопштија дека мотивот сè уште не е утврден и дека не е пронајдена проштална порака или објаснување од напаѓачот.
Паника и забарикадирање
Ученици и наставници сведочеле дека се забарикадирале во училниците повеќе од два часа додека траела полициската акција. Првичното предупредување од властите го опишувало вооруженото лице како „жена во фустан“.
Тамблер Риџ е мало гратче со околу 2.400 жители, а средното училиште го посетуваат околу 160 ученици од седмо до дванаесетто одделение.
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби, изјави дека властите ќе испитаат какви претходни интеракции имал системот на јавно здравје со осомничениот, имајќи предвид дека ѝ бил познат на полицијата. Истрагата продолжува, а властите најавија дополнителни информации во наредните денови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
