Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, денеска изјави дека ако пропаднат нуклеарните преговори и дојде до конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, денеска изјави дека ако пропаднат нуклеарните преговори и дојде до конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот.

– Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако преговорите не вродат со плод. Ако ни се наметне конфликт… сите американски бази ни се во дострел и ние смело ќе ги таргетираме – наведе Насирзаде.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати му се закануваше на Иран со бомбардирање ако не се постигне нов нуклеарен договор.

Следната рунда преговори Иран – САД треба да се одржат во текот на неделата. Трамп најави дека преговоритре ќе се одржат утре, а Техеран тврди дека ќе бидат на 15 јуни во Оман.

Иран треба да понуди контрапредлог на понудата на САД за постигнување договор што Техеран ја отфрли. Трамп потоа реагираше, наведувајќи оти Иран станува „сè поагресивен“ во преговорите.

Насирзаде потсети дека Техеран неодамна тестирал ракета со боева глава од 2 тона и оти не прифаќа никакви ограничувања.

Врховниот лидер на теократската Исламска Република, ајатолахот Али Хамнеи, во февруари изјави дека Иран ќе продолжи да ги развива своите воени капацитети.

Share This Article