Иран инстантно ќе одговори ако САД и Израел ги нападнат неговите нуклеарки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иран предупреди дека нападот на САД и Израел врз неговите нуклеарни постројки ќе биде „лудост“ и ќе предизвика „голема катастрофа“ за регионот, објави Скај њуз.

Предупредувањето уследи по првото интервју на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по инаугурацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп. Во интервју за споменатата медиумска куќа во Техеран, Арагчи го критикуваше американскиот претседател за предлогот за „преселување“ на Палестинците од Газа, предлагајќи Израелците да се преселат на Гренланд.

Арагчи во интервјуто рече дека Иран јасно ставил до знаење дека секој напад врз неговите нуклеарни постројки ќе биде проследен со „моментален одговор“.

Меѓутоа, тој смета дека САД и Израел нема да го направат „тоа лудо нешто“ бидејќи тоа би го довело целиот регион во „голема катастрофа“.

Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирољубива и за цивилни цели, додека Западот, особено САД, верува дека Иран збогатува ураниум за да произведе нуклеарно оружје.

Откако Трамп во 2018 година ги повлече САД од нуклеарниот договор, Иран продолжи со збогатување ураниум.

Арагчи рече дека ќе биде потребно многу повеќе од „убави зборови“ за Иран да ги обнови преговорите со САД за нов договор, со оглед на тоа што се случи со претходниот.

Зборувајќи за ситуацијата во регионот, Арагчи призна дека сојузниците на Иран, како Хамас и Хезболах, се ослабени.

Од друга страна, пак, додека иранските граѓани се надеваат дека договорот со Западот може да доведе до укинување на санкциите и до подобрување на економската ситуација, инфлацијата во Иран се проценува на 50%, невработеноста кај младите е приближно 20%, а валутата е на рекордно ниво, пишува Скај њуз.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article