Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи дека Владата има мерка следните две недели, како ниедна друга држава во Европа, директно од буџетот за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти.
– Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следи ќе интервенираме – нагласи Мицкоски.
Прашан дали Владата ќе преземе мерки доколку има раст на цените кај храната, Мицкоски посочи дека 30 тима од Државниот пазарен инспкторат се на терен и доколку забележат непазарно однесување ќе делуваат.
– Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека различни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално таму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување ќе делуваме како Влада – истакна Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
