Background

Интернетот се вжешти поради изјавата на Наташа Којиќ за изборот за песна на Евровизија

Ќерката на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, Наташа Којиќ, која од Америка се врати во Србија за да се натпреварува на годинешниот натпревар „Песна на Евровизија“, привлече големо внимание во јавноста.

Наташа не крие колку е возбудена поради тоа што се враќа на српската музичка сцена како потенцијална претставничка на Србија на Евровизија, но и поради тоа што повторно се најде меѓу своите.

Ќерката на Кеба оствари кариера во Америка како музичар и продуцент, па воспостави многу контакти со луѓе, меѓу кои и со некои познати имиња.

- Advertisement -
Ad image

На социјалната мрежа Икс се појави клип во кој пејачката открива која е најпознатата личност чиј број го има во телефонскиот именик.

„Илон Маск“, го изговорила Којиќ името на познатиот милијардер.

Ова веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а една од објавите со овој клип беше споделена на Икс со коментар: „Наташа Којиќ Кеба, еден повик и таа ќе победи на Евровизија“.

 

Наташа следната недела ќе се претстави со песна „Up and Down“, а неодамна проговори за оваа песна и за нејзиниот настап на големиот фестивал.

– Музиката, текстот и аранжманот ги направив сама. Технички не беше лесно, но успеав песната да ја адаптирам за ваков натпревар – рекла таа во емисијата на РТС.

„Голема среќа е да знаеш дека твоето семејство стои зад тебе, особено во овие времиња. Песната зборува за животните подеми и падови, за тоа како сè се врти во круг. Денес сите сме презаситени од совршени прикази на животот на Инстаграм, но реалноста е поинаква, сè оди горе, долу, лево, десно. Важно е да ги избереме луѓето што нè опкружуваат и да владее заедништво“, додала Наташа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation