Директорот на Судска медицина Александар Станков во изјава за МИА рече дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
– Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски – рече Станков.
Тој кажа дека работат во тимови заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи, но не откри детали до каде е со процесот, односно кога би бил завршен и што е утврдено со обдукциите досега.
Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 настрадани се згрижени во земјава и во странство.