Background

Институциите треба да кажат до каде се со капиталните инвестиции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска информира дека почнале подготовките на ребалансот на Буџетот, како и дека од вчера се пуштени барањата до институциите за доставување податоци за капиталните инвестиции.

Како што истакна Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања, проектниот менаџмент на институциите останува зашто тие се реализатори на капиталните инвестиции.

Според министерката, до крајот на јуни треба сѐ да биде подготвено и испратено до Собранието.
– Почнавме со подготовки на ребалансот, побаравме од секоја инстутиција да достави прецизни податоци за капиталните инвестиции – до каде имаат склучено договори, ако немаат кога планираат да ги склучат, во каква фаза им се проектите… Тоа треба да го видиме, тие проекти, па потоа ќе одлучиме дали ќе ги скратиме сега, па ќе ги ставиме за следната година или ќе бидат подготвени за тендерирање. Пред неколку месеци помина Уредбата според која веќе не може секој да одлучува за инвестиции без да го помине кругот – Министерство за финансии, Влада со исполнети услови за инвестиции – нагласи Димитриеска Кочоска, по средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на проектниот менаџмент, таа уште еднаш кажа дека надлежните институции ги реализираат договорите, а не министерот за финансии.

– Многу често се поставува прашањето до министерот за финансии, но тој не е тој што ги реализира договорите, ги реализираат надлежните институции и сѐ зависи од нивниот проектен менаџмент, на кое ниво е – потенцира Димитриеска Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation