Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спроведоа 617 вонредни контроли кај операторите со храна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спроведоа 617 вонредни контроли кај операторите со храна, соопштија од АХВ.

„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале  санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај 8, биле пронајдени несоодветно означени производи“ се наведува во соопштението.

Инспекторите изрекоа 30 парични казни во износ од 25.400 евра и издале 44 решенија за отстранување на недоследностите.

Нештетно се уништени 1.740 килограми небезбедна храна.

Share This Article