Инфлацијата ни ја „огорчи“ чоколадата – цената на чоколадото во Србија поскапе за цели 50 отсто

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Инфлацијата во Србија во јануари 2025 година изнесува 4,6 отсто во однос на истиот месец претходната година, при што најголемо влијание на овој раст имаат цените на кафето и кондиторските производи. Според податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС) цената на кондиторските производи е зголемена за 15,1 отсто, а на кафето за 12,6 отсто на годишно ниво.

Прехранбените производи во истиот период пораснале за 3,6 отсто, а најголем придонес во поскапувањето имаат производите од категоријата „шеќер, џем, мед и чоколадо“ со пораст од 15,1 отсто, како и групата „кафе, чај и какао“ каде е забележан пораст од 12,6 отсто, пишува Нова економија.

Овој тренд делумно е последица на движењата на цените на суровините на светските берзи. Во текот на 2024 година, цената на какаото се зголеми за околу 180 отсто, што доведе до најголем глобален дефицит на понудата во последните шест години. Главните причини се неповолните временски услови во земји како Гана и Брегот на Слоновата Коска, кои заедно сочинуваат повеќе од 70 отсто од светското производство на какао.

Слично сценарио беше забележано и со кафето, чија цена се зголеми за околу 70 отсто во текот на минатата година. Бразил ја забележа најголемата суша во последните седум децении, додека Виетнам беше погоден од поплави предизвикани од тајфун. Дополнително, конфликтите на Блискиот Исток влијаеја на транспортните правци, продолжувањето на рутите и зголемувањето на транспортните трошоци.

Според податоците на РЖС за ноември 2024 година, просечната цена на килограм кафе во Србија изнесува 1.894 динари, што претставува зголемување од 9,23 отсто во однос на истиот период лани. Цената на килограм чоколадо достигна 1.850 динари, што е зголемување за цели 50 отсто во однос на ноември 2023 година, кога изнесуваше 1.227 динари.

Слични трендови на раст на цените се забележани и во земјите од регионот и во Европската унија. Во Црна Гора во текот на летото кафето поскапе за 20 отсто, додека во Хрватска е забележан раст од 10 отсто. Според податоците на Евростат, во октомври, растот на цената на кафето на годишно ниво е највисок во Естонија (13,3 отсто), Данска (12,5 отсто) и Италија (11,8 отсто).

Податоците на Меѓународната организација за какао (ICCO) покажуваат дека мелењето какао во Европа се зголемило за четири проценти во вториот квартал од 2024 година во споредба со истиот период претходната година, што укажува на зголемена побарувачка и покрај зголемените цени.

Се очекува пазарот на какао да се стабилизира, со оглед на прогнозата за обилни дождови во Брегот на Слоновата Коска, што би можело да ги подобри условите за одгледување. Сепак, трговците изразуваат загриженост за намалените испораки на какао до пристаништата во земјата, што може да влијае на понатамошно зголемување на цените.

Share This Article