Background

Името Серафим фон Хабсбург-Лотринген одекнува низ цела Германија, откако овој 22-годишен потомок на познатата царица Сиси стана интернет ѕвезда преку ноќ

Името Серафим фон Хабсбург-Лотринген одекнува низ цела Германија, откако овој 22-годишен потомок на познатата царица Сиси стана интернет ѕвезда преку ноќ.

Откако го сними својот работен ден додека работеше како келнер на Октоберфест, младиот благородник беше прогласен за „најзгоден маж на фестивалот“, а британското списание „Татлер“ го вклучи меѓу ѕвездите во подем на европската аристократска сцена.

– Едноставно го објавив мојот работен ден на Тик-Ток, сосема нормални работи што ги правев таму. По два дена, видеото имаше над два милиони прегледи и одеднаш луѓето почнаа да зборуваат за мојот изглед – изјави тој за „Татлер“, кој неодамна му посвети фото-репортажа направена на Октоберфест.

- Advertisement -
Ad image

Неговата популарност на Тик-Ток предизвика лавина од медиумски интерес, а обожавателите од цела Европа се собраа за да го видат младиот човек за кој сите зборуваа.

– Беше неверојатно, но и лудо. Дојдоа од Келн, од Берлин, патуваа со автобус само за да се сликаат со мене – се потсети тој додавајќи дека пристигнале и обожаватели од Австрија, Италија, Полска, Чешка и Франција.

Инаку, Серафим е роден и израснат во Минхен, го поминува слободното време возејќи мотор, скијајќи и вежбајќи во теретана.

– За мене, најважно е што човекот има свое тело. Тоа е првото нешто што го добиваш и последното нешто што ќе ти го земе земјата – објаснува младиот благородник, кој неодамна ѝ предложил брак на својата девојка Селина.

Откако се отселил од дома на 18 години за да студира фитнес, тој признава дека имал бунтовна фаза.

– Имаше неколку години кога бев малку бунтовен. Бев воспитан многу традиционално и сакав да го доживеам животот и да го живеам на свој начин – сподели тој. Неговиот живот, судејќи според неговиот Инстаграм, е комбинација од допир на благородништво и многу секојдневие.

Серафим е исклучително благодарен за своето славно наследство. Неговиот дедо Стефан, член на унгарската хабсбуршка линија, пораснал во замок и имал кафеава мечка како домашно милениче.

– Кога започнала војната, тие морале да бегаат. Кога сè уште беше жив, ми раскажа дека се спакувале и се качиле во стариот Мерцедес за да ја напуштат земјата – вели Серафим.

Тој е особено горд на својата најпознат предок, царицата Елизабета од Австрија, попозната како Сиси.

– Мислам дека сум доста како неа, таа не била совршено соодветна кралица. Била многу екстравагантна. Ги правелае работите на свој начин. И јас го правам истото. Таа била бунтовничка, вистинска бунтовничка, а многу луѓе не знаат дека имала тетоважи. Всушност, царицата Сиси истетовирала сидро на левото рамо во 1888 година, на 51-годишна возраст – раскажува тој.

Но, не се само тетоважите она што ги поврзува. Исто како и Сиси, здравјето е клучно за Серафим.

– Таа имала своја теретана во својата соба. Тренирала со часови секој ден, само за да ја одржи својата фигура. За мене, тоа е многу инспиративно. Многу сум горд што сме роднини – вели Серафим.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation