Имаме зголемен извоз, вели Мицкоски

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со трендот на прометот во индустријата и придонесот на поединечни гранки, како и проценките на среден рок, информираше дека најмногу воодушевува индустриската активност со странство. Тој истакна дека кога станува збор за прометот во индустријата, евидентен е огромен раст, кој достигнува до 20 проценти, а во периодот што следи очекува уште повисоки бројки.

– Кога станува збор за прометот во индустријата, исто така, тука морам да кажам дека имамеогромен раст којшто се брои во 16,18, 20 проценти. Но, она што најмногу воодушевува е растот во индустриската активност со странство. Односно, имаме голем извоз, тоа е суштината. И тој промет тука, го крева вкупниот промет. Тоа значи дека, во услови на криза на европскиот пазар, автомобилската индустрија, ние имаме извоз. Тоа значи дека имаме добра бизнис клима во државата, а тоа го потврдува и зголемениот број на директни странски инвестиции, коишто во периодот што следи ќе дојдат, но и оној период кој што е позади нас кои што ги отпочнаа своите вложувања во државатa – изјави Мицкоски.

Премиерот напомена дека сега е време кога државата се развива преку вложувања во проекти.

– Така што, во периодот којшто следи, очекувам уште поголеми бројки споредено со минатото. Да се навикнеме на успеси, на убави работи. Доста беше поделби, доста беше црнила, доста беше неуспеси, доста беше коленичење, свиткани кичми, криминал и корупција. Сега е време кога државата се развива, кога вложуваме во проекти, вложуваме во нови автопати, Коридор 8, Коридор 10. Земјоделци кои што високо извезуваат, индустрија која работи, тоа е суштината. Тоа е фокусот на оваа Влада и мора да се навикнеме и на вакви успеси. И впрочем, тоа го кажуваат и граѓаните на јавните мерења – објасни тој.

Share This Article