Имајќи го предвид постигнувањето на целите на операцијата и во целосна координација со претседателот Трамп, Израел го прифати предлогот на претседателот за билатерално примирје, објави Канцеларијата на израелскиот премиерот, истакнувајќи дека Израел „ќе одговори силно на секое кршење на примирјето“.
Во соопштението се наведува дека Израел ги постигнал сите цели на операцијата „Рајзинг лав“ и уште повеќе“.
„Израел отстрани двојна непосредна егзистенцијална закана – и во нуклеарниот и во балистичкиот ракетен домен. Израелските одбранбени сили постигнаа целосна контрола врз воздушниот простор на Техеран, нанесоа големи загуби на военото раководство и уништија десетици клучни цели на иранската влада“, се вели во соопштението.
Како што се наведува во соопштението, Израел им се заблагодарува на претседателот Доналд Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминирањето на иранската нуклеарна закана.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила, кратко откако најмалку четири лица беа убиени кога иранска балистичка ракета погоди станбена зграда во Бершеба.