Илон Маск не сака недвижнини, но сака се што го движи човештвото напред

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, е најбогатиот човек во светот веќе неколку години, но и покрај тоа тој води во голема мера негламурозен живот.

Милијардерот тврди дека сиот имот го инвестира во напредокот на светот.

Според американските медиуми, но и според неговото тврдење, единствен имот кој го поседува е монтажна  куќа во Тексас вредна 50.000 долари. Но, затоа, пак, поседува колекција приватни авиони, вредни неколку милиони долари.

Пред неколку години Маск, сепак,  имаше импресивно портфолио на недвижнини.

Волстрит журнал во 2019 година објави дека потрошил 100 милиони на седум куќи за седум години, од кои повеќето се на пешачко растојание една од друга во престижниот кварт Бел-Ер во Калифорнија. Имотите имале базени, тениски терени, вински визби, приватни библиотеки и балски сали.

Еден од нив  беше ранч кој некогаш го поседувал Џин Вајлдер, легендарниот актер и комичар кој го играше Вили Вонка.

Но, во 2020 година, Маск се предомисли, реши да го продаде сиот недвижен имот. Тој тогаш твитна дека ќе го „продаде скоро секој физички предмет што го поседува“ и дека „нема да поседува ниту една куќа“.

„Не ми требаат пари. Посветување на Марс и Земјата. Поседувањето само те спречува“, напиша тој.

Во 2021 година, Маск твитна и дека неговиот „примарен дом“ е скромна монтажна куќа од 50.000 долари во јужен Тексас, каде што работи неговата компанија за вселенска индустрија SpaceX, област која официјално стана град наречен Старбејс.

- Advertisement -
Ad image

– Таа е прекрасна – изјави тогаш Маск.

Но веќе следната година, Маск се откажа и од неа и изјави дека воопшто нема дом, наведувајќи колку малку троши, и покрај неговото огромно богатство.

– Буквално престојувам во куќите на пријатели. Ако патувам во областа на заливот Сан Франциско, каде што се наоѓа поголемиот дел од инженерството на Тесла, практично талкам меѓу гостинските соби на пријателите.“- изјави тој за TED.

- Advertisement -
Ad image

И додека Маск одлучи да не троши многу на недвижности, автомобилите се сосема друга приказна.

Како сопственик на Тесла, не е изненадување што тој има голема колекција од необични, а во некои случаи и уникатни возила.

Тие вклучуваат -Модел Т на „форд“-  автомобил од 20 век кој се смета за прво возило достапно за обичниот човек, кој беше револуција во  автомобилската индустрија.

Тој е сопственик и на „родстер јагуар Е-Тајп“ од 1967 година, за кој се вели дека Маск го сакал уште од дете; „Мекларен Ф1“ од 1997 година, за кој се судрил и потрошил многу пари за поправка пред да го продаде; и „тесла роудстер“, првиот модел на Тесла што се појави на продажба, а Маск го лансираше во вселената во 2018 година.

Сепак, најнеобичен е „лотус есприт“ од 1976 година, управуван од Џејмс Бонд во филмот „Шпионот што ме сакаше“. Во филмот, овој автомобил, со прекар Влажна Нели, може да се трансформира во подморница. Маск го купи автомобилот на аукција во 2013 година за речиси 1 милион долари со цел повторно да ја оствари неговата трансформација во подморница.

Маск исто така е опседнат и со авионите, но вели дека тоа има врска со неговата посветеност на работата.

– Ако не го користам авионот, тогаш имам помалку часови за работа – рече тој во интервју на TED 2022.

Меѓу приватните авиони во неговата колекција има голем број модели на Gulfstream, кои чинат десетици милиони долари секој.

Покрај инвестирањето Маск е познат и по некои донации. Неговата добротворна организација, Фондацијата Маск донирала милијарди долари во акции на добротворни организации.

Но, неговата филантропија сепак наиде на критики бидејќи и самиот тој поинаку го доживува тоа.

Њујорк тајмс минатата година пишуваше дека  тоа е „случајно и главно им служи на неговите интереси, што го прави подобен за огромни даночни олеснувања што директно им помагаат на неговите компании“.

Маск е скептичен кон традиционалното добротворно давање. Тоа го покажал и во една изјава.

– Мислам дека ако ви е грижа за реалноста на љубезноста, наместо за нејзината перцепција, филантропијата е исклучително тешка – изјави тој.

За Маск, самото постоење на неговите деловни претпријатија е филантропско.

– Ако филантропијата ја нарекувате љубов кон човештвото, тогаш тие се филантропија. Тесла „поддржува одржлива енергија“,  додека SpaceX „се обидува да обезбеди долгорочен опстанок на човештвото“, а Neuralink „се обидува да помогне во решавањето на повредите на мозокот и егзистенцијалниот ризик со вештачка интелигенција – изјави тој.

Share This Article