Илија Матиќ, дете на возраст од 12 години, исчезна во Србија. Неговиот татко за српските медиуми изјавил дека момчето исчезнало вчера, а последен пат е видено кога мајка му го испратила на училиште. Тој рекол дека Илија и претходно бегал од дома, но дека овојпат не е сигурен дека е така.
Момчето е слабо, има кратка кафена коса и кафени очи и е ученик во шесто одделение во основно училиште.
Илија синоќа носел сиви патики со црвено лого, црна и сина тренерка, јакна со зелени флуоресцентни точки и сив ранец. Мештаните синоќа се организирале да го бараат момчето.
Минатиот месец во Уб исчезна Дуња Марковиќ, но потоа луѓето ја најдоа, а семејството се сомневаше дека некој ја земал, па потоа од страв ја вратил затоа што многу луѓе ја бараа. Претходно, во Србија исчезна Данка Илиќ, девојче чие тело не е најдено, а за нејзино убиство властите гонат двајца вработени во комуналното од Бор кои рекле дека ја згазиле со службено возило, ја задавиле и телото го фрлиле на депонија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
