И годинава нема златна топка за Винисиус

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најтрофејниот европски клуб реши да не прати ниту еден претставник на престижната церемонија во Париз, откако Винисиус Жуниор повторно остана со празни раце, јави „Би-Ин Спортс“.

Реал Мадрид вечерва нема да присуствува на доделувањето на „Златната топка“ во Париз, ниту со претставници на управата, ниту со официјална делегација. Одлуката ја донел лично претседателот на клубот, Флорентино Перез, како продолжение на бојкотот што започна лани, кога Винисиус Жуниор не ја доби наградата, иако според клубот имал извонредна сезона.

Лани Реал Мадрид ја бојкотирал церемонијата на „Златна топка“ откако дознал дека наградата нема да му биде доделена на Винисиус. Тогаш Бразилецот заврши втор зад Родри од Манчестер Сити, што беше сфатено како неправда од страна на клубот и дел од медиумите, објави „ЕСПН“.

– Бојкотот се темели на тоа што клубот смета дека критериумите за избор на добитник се нејасни и пристрасни – објави порталот „АС“.

Иако Винисиус, заедно со Килијан Мбапе и Џуд Белингем, повторно се меѓу номинираните, клубот нема официјално присуство, иако не им е забрането на играчите лично да се појават.

Церемонијата ќе се одржи вечерва во Париз во 21 часот по македонско време. Датумот не му оди во прилог на клубот ниту од спортски аспект – Реал Мадрид веќе утре има тешко гостување во домашниот шампионат.

Share This Article