Хрватското МНР издаде препорака, Белград бара одговор што, всушност, правеле протераните Хрватици

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватското министерство за надворешни и европски работи даде препораки за патување во Србија, откако Хрватска упати протестна нота поради третманот на хрватските граѓани во таа земја.

„Се препорачува одложување на сите несуштински патувања, зголемена претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патувањето, поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република Србија кон хрватските граѓани“, наведува хрватското МНР.

 

На хрватските граѓани им се препорачува да избегнуваат места каде што се собираат голем број луѓе.

Се додава дека во случај на потреба, хрватските граѓани имаат право да побараат контакт со Амбасадата на Република Хрватска во Република Србија во секое време.

Претходно, министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, коментирајќи го притворот на пет хрватски државјанки без никакво објаснување во Белград, изјави дека дополнително треба да се размисли дали моментално е вистинското време за патување во Србија.

Србија вчера депортираше 5 хрватски државјанки.

Српското министерство за надворешни работи денеска ги осуди обвинувањата на државните службеници и политичарите во Хрватска против српските власти за протерување на неколку хрватски државјани, наведувајќи дека Загреб треба да одговори на својата јавност зошто никој од другите хрватски граѓани во Србија не се соочува со непријатности.

Во врска со овонеделното притворање и депортирање на хрватските државјани кои присуствуваа на работилниците организирани од фондацијата „Ерсте“ во Белград како претставници на невладини организации, српското МНР наведе дека одговорот „треба да содржи и информации за тоа што всушност правеле во Србија“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article