Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ проговори за пресудата против лидерот на босанските Срби Милорад Додик. Милановиќ смета дека пресудата од една година затвор и шестгодишната забрана за учество во политиката за Додик е неуспешен обид за заплашување на Србите кои „пак ќе се побунат“, пренесува Ало.
– Додик е најпопуларниот политичар меѓу Србите во Босна и Херцеговина. Тоа е европскиот начин, кој е тотално погрешен. Не е ни насилен. Тоа е некаква манипулација, подметнување, обид да се избрка демократски избраниот претставник на српскиот народ, со кој имавме многу несогласувања, од политичкиот живот бидејќи тој долго време не го почитуваше германскиот административен налог. Во кој век живееме? Некој мисли дека ова ќе ги заплаши Србите, но нема. Ќе се побунат. Јас не го бранам Додик. Мора да се обидеме да најдеме заеднички јазик и договор со Србите, кои секогаш се однесуваат како да се во тесно. Не со уценување на некој друг, како што постојано повторуваат злите птици од Сараево. Дури и да имаме зла намера, не сме способни за тоа. Сакаме само еднакви права, Хрватите да избираат свои претставници, ништо друго – се огласи Милановиќ ден пред изрекувањето на пресудата во средата.