Хрватскиот парламент денес изгласа измени на Законот за одбрана со кои се враќа задолжителната воена обука по повеќе од една деценија

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватскиот парламент денес изгласа измени на Законот за одбрана со кои се враќа задолжителната воена обука по повеќе од една деценија. Со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 против, пратениците ја поддржаа иницијативата на владата за повторно воспоставување на основна воена подготовка, јавуваат хрватските медиуми.

Основната воена обука ќе трае два месеци, а првите повици ќе бидат испратени до крајот на годината. Првите регрути ќе стапат во касарните во Книн, Слуњ и во Пожега во почетокот на 2026 година.

Младите мажи кои ќе наполнат 19 години ќе бидат задолжени да посетат обука, по претходен лекарски преглед. Исклучоци се предвидени за студенти, професионални спортисти и лица со двојно државјанство што веќе имаат воена обврска во странство.

Меѓутоа, законот дозволува и приговор на совеста. Тие што поради верски или морални причини одбиваат оружје, ќе служат во цивилна заштита или во локални институции, во период од четири месеци.

Според владата, обуката ќе се плаќа 1.100 евра месечно и ќе се брои во работен стаж, додека цивилната служба ќе биде пониско платена. Жените нема да бидат задолжени, но ќе можат доброволно да се пријават, што ќе им овозможи прием во активната служба или во резервата.

Непојавувањето на повик за обука ќе се казнува со парична казна од 250 до 1.320 евра, а полицијата ќе може да издаде наредба за доведување. Исклучени од обврската се кадетите, полициските студенти и ракоположените свештеници.

Лицата кои ќе ја завршат обуката ќе имаат предност при вработување во државните и локалните институции. Новите измени овозможуваат и лица со само основно образование да бидат примени во војска, под услов да го завршат средното образование во рамките на првиот договор.

Пратениците Анте Деур и Ивица Кукавица од владејачката ХДЗ истакнаа дека е неопходно пополнување на резервите и подготвеност на армијата. Од опозицијата, Арсен Баук од СДП предупреди дека постои нееднаков третман меѓу оние што ќе служат воена и оние што ќе изберат цивилна обука.

Далија Орешковиќ од ДОСИП оцени дека воведувањето на задолжителната обука е „измама без јасна потреба“, додека владата уверува дека станува збор за мерка на одбранбена подготвеност, јави Хина.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article