Хрватската пејачка Нина Бадриќ реши да ги искористи топлите денови за да избега од обврските и да се релаксира во срцето на Истра. Таа им откри на своите следбеници на Инстаграм дека ужива во луксузниот хотел и винарија „Менегети“, а фотографиите што ги сподели никого не оставија рамнодушен.
Пејачката објави серија фотографии кои совршено ја доловуваат идилата на истарскиот полуостров.
Во преден план, секако, е самата Нина, која позира на лежалка покрај базенот во елегантен црн едноделен костим за капење. Со голема насмевка на лицето, модерни очила за сонце и преслатко бело кученце во скутот, Нина изгледа посреќно и поопуштено од кога било, а нејзината витка фигура дошлс до полн израз. Со краток опис „Истра“, таа јасно ставила до знаење каде го наоѓа својот мир.
Покрај фотографијата што предизвика лавина од позитивни реакции, Нина сподели и снимки од рајската средина – прекрасен базен опкружен со зеленило и удобни лежалки, лозја што се протегаат во далечината, миризлива лаванда и гурмански деликатеси што беа на нејзината маса. Со тоа, таа им даде на своите следбеници увид во луксузен одмор на една од најпрестижните локации во Хрватска.
Нејзината објава брзо собра илјадници лајкови, а обожавателите и пријателите ја опсипуваа со комплименти во коментарите. „Прекрасна“, „Госпоѓа“ и „Две убавици“, „Божествена жено, блескаш!“ се само дел од пораките што сведочат колку публиката ја сака и цени. Нина Бадриќ уште еднаш докажа дека е вистинската дефиниција за дива – успешна, убава и секогаш верна на себе.