Background

Хоспитализацијата го натера Франциск да се осигура во своите политики

Папата Франциск пред да биде хоспитализиран овој месец назначил близок човек да го надгледува идниот таен собир за негов наследник. Бриселски Политико анализира дека неодамнешната ситуација го загрижува 88-годишниот папа и го тера да побрза да „врзе крај со крај“.

Политико напиша дека папата го назначил кардиналот Џовани Батиста Ре како декан на Колеџот на кардинали. Деканот ги надгледува подготовките за изборот на нов папа и, иако Ре е престар самиот да учествува, тој ќе биде клучна фигура во дискусиите зад затворени врати. Целта е, пишува Политико, да се осигура процесот да се одвива според желбите на Франциск.

Италијанската премиера Џорџа Мелони денеска го посети папата велејќи дека тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор. Сепак, некои медиуми пишуваат дека папата и луѓето околу него се загрижени за ситуацијата. Ватикан соопшто дека папата станал од кревет и јадел по мирната ноќ, еден ден откако тестовите потврдија дека има пневмонија во двете белодробни крила, покрај астматичен бронхитис.

- Advertisement -
Ad image

На папата како млад човек му бил отстранет дел од едното белодробно крило.

„Дури и ако Франциск ја преживее својата последна болест, набљудувачите го гледаат ова како веројатна пресвртница бидејќи Франциск го префрла фокусот од напредок во реформите кон нивно затворање“, пишува Политико.

Уште повеќе, наследувањето на папата може да биде исполитизирано поради последната вербална препирка која папата ја имаше со  американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во врска со планот за депортација на илегални мигранти на новата американска администрација. Ова се случи брзо пред да се влоши здравјето на Франциск.

Венс, католик, кој во јануари во објава на социјалните мрежи го бранеше планот, се повика концептот познат како „ордо аморис“, или „ред на љубовта“, за да сугерира дека католиците мора да им дадат приоритет на неимигрантите.

Папата тогаш му одговори дека „вистинскиот „ордо аморис“ што мора да се промовира (е) … со медитација за љубовта што гради братство отворено за сите, без исклучок“.

„Папското отфрлање предизвика гнев кај Белата куќа, зголемувајќи ја можноста за многу политизирана битка за наследување доколку Франциск почине“, се вели во статијата.

Во саботата, понтифот, исто така, го забрза својот невиден реформски потег за назначување на калуѓерка, сестра Рафаела Петрини, за следна и прва жена гувернер на Ватикан, најавувајќи дека мандатот на Петрини ќе започне на 1 март.

„Сепак, можеби ова беше и случајност: сегашниот гувернер, кардиналот Фернандо Вергез Алзага, тој ден ќе наполни 80 години, што го прави неподобен за оваа улога“, коментира бриселскиот медиум.

Во меѓувреме, „Дејли Мејл“ го цитираше швајцарскиот весник Блик кој тврди дека швајцарската гарда која го чува понтифот наводно веќе се подготвува за смртта на папата, дека чуварите се под ограничување на движењето и дека погребот веќе се вежба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation