Холивудскиот актер Крис Нот (70), најпознат по улогата во серијата „Сексот и градот“, беше фотографиран во текот на ретко појавување со семејството, а многумина коментираа дека тој сега изгледа непрепознатливо.
Актерот беше фотографиран со сопругата Тара (45) и нивниот петгодишен син, облечен во бела кошула и фармерки и поради седата коса и несредената брада, обожавателите коментираа дека тој веќе воопшто не личи на шармерот од култната серија.
Инаку, Нот се повлече од јавноста во 2021 година, откако четири жени го обвинија за сексуално вознемирување и силување. Тој ги негираше обвинувањата, но призна дека ја изневерил сопругата.
Продуцентите на продолжението на серијата „Сексот и градот“, насловена „And Just Like That …“ и на „Тhe Equalizer“ го исфрлија од проектите, а неговата кариера беше ставена во мирување.
Инаку за обвинувањата против Крис проговорија и неговите колешки од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристен Дејвис.
„Многу сме тажни што ги слушнавме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се огласија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека мора да им било многу тешко да го сторат тоа и ги пофалуваме“, напишаа актерките во заедничката изјава на нивните инстаграм-приказни.