Холивудскиот актер Бред Пит (61) завчера присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Ф1“ во Мексико Сити.
Миленикот на жените по црвениот тепих прошетал во виолетово одело и го покажа својот нов имиџ. Бред Пит сосема ја скратил косата и ја покажал седата брадичка.
Покрај тоа, актерот се дружел со обожавателите, им давал автограми и правел селфиња.
Бред Пит е главната ѕвезда на филмот „Ф1: Филмот“ (F1: The Movie), кој треба да пристигне во кината овој месец. Освен него, глумат и Дамсон Идрис, Кери Кондон и Хавиер Бардем.
Станува збор за спортска драма во режија на Џозеф Косински, а напишана од Ерен Кругер, базиран на приказна што ја напишале заедно, а која го прикажува Светското првенство во Формула 1.
„Сони Хејс (Пит), возач на Формула 1 кој се тркаше во 1990-тите, доживеа ужасна несреќа што го принуди да ја напушти Формула 1 и да почне да се трка во други дисциплини. Сопственикот и пријател на тимот на Формула 1, Рубен (Бардем), го контактираше Хејс и го замоли да се врати од пензија за да му биде ментор на почетникот Џошуа Ноа Пирс (Идрис) за тимот на Апекс Гран При“, е премисата на филмот.