Background

Холивудската актерка шокираше со фустанот на Оскарите

Холивудската актерка Оливија Вајлд беше една од најзабележаните по доделувањето на Оскарите, а нејзиниот разголен фустан ја подели јавноста – некои велат дека тоа е промашување, други чиста романтика.

Помеѓу холивудските ѕвезди кои се прошетаа на црвениот тепих во пресрет на 97-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес беа бројни ѕвезди, а на забавата по Оскарите беше и Оливија Вајлд која привлече огромно внимание со својот моден избор.

 

- Advertisement -
Ad image

Знаеме дека е многу посветена на здравиот начин на живот, дека оди во теретана речиси секој ден и дека има беспрекорна фигура, но… мораше ли на овој начин да ја покаже?

Убавата актерка, која лани ја прекина врската со младиот пејач Хари Стајлс, облече фустан од модната куќа „Клое“, совршено лелеав и идеален за пролетните и летните вечери.

 

Воздушната креација Оливија ја носеше на забавата организирана од магазинот „Венити фер“, а под проѕирниот материјал јасно се гледаа нејзините „гаќички“, како и фактот дека го оставила градникот дома.

Сензуалниот фустан всушност има постава во форма на долна облека, а во пределот на градите и на „интимните“ зони е слоевит. Должина е до подот, а на крајот има мали карнери кои го прават неверојатно романтичен, фантастичен за романтични вечери на отворено…

Го искомбинирала со минималистички сандали и златна чанта, а нејзината фризура била пригодна и за романтично излегување.

Оливија провокативно им позираше на фотографите и самоуверено го покажа ова сензуално парче, па не е изненадување што заработи многу комплименти.

„Прекрасна е“, „Совршена“, „Кралица“, „По ѓаволите, таа изгледа толку добро. Толку сум вљубен во неа што веќе не е смешно“, „Боже мој“, коментирале некои, но имало и такви кои мислеа дека вакво нешто не е соодветно за Оскар.

„Ноќница за Оскарите“, „За Оскарите, нема вкус“…

Инаку, фустанот што го носела Оливија Вајлд чини 7.500 евра!

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation