Background

Хоџа најави построга борба против аерозагадувањето

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Борбата против загадувањето на воздухот ќе се води преку сеопфатен пристап кој ќе опфаќа контрола на загадувањето од индустријата, институциите и од домаќинствата, како и преку меѓуинституционална соработка во врска со сообраќајот и со нулта толеранција кон загадувачите, најави министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

- Advertisement -
Ad image

Тој информираше дека Министерството има краткорочен план за акција и долгорочна програма усвоена од Владата, како и новиот Закон за контрола на емисиите, усвоен во септември 2025 година, кој стапува во сила во септември 2027 година.

– Законот предвидува значително построги правила за издавање и надзор на еколошките дозволи од категорија А и Б, задолжување на индустријата за користење на најдобрата достапна технологија, како и финансиска одговорност во случај на прекршување. Законот е целосно усогласен со директивите на Европската Унија и е усвоен преку сеопфатен процес со јавна дебата, со учество на граѓанското општество, Стопанската комора, факултети и други релевантни страни – рече Хоџа на денешниот брифинг.

Тој најави дека од следната недела ќе почнат средби со претставници на индустриите кои поседуваат еколошки дозволи од категорија А, со цел периодот на адаптација да се искористи на најефективен начин. Сите нови еколошки дозволи ќе се издаваат според новите построги стандарди, со построги услови и пониски прагови на емисии, особено за индустриските капацитети сместени во урбаните зони.

Во рамките на новите мерки е предвидено зајакнување на лабораториските капацитети на Министерството преку акредитација на нови методи за независни контроли кон индустријата, поставување јавни екрани кои ќе ги прикажуваат просечните емисии што ги испушта објектот, како и примена на принципот „Загадувачот плаќа“, според кој индустријата ќе ги покрива трошоците за отстранување на ризикот, санација и за праведна компензација за причинетата штета на животната средина.

Министерот Хоџа потенцира дека со овие мерки се менува системски пристапот на Министерството кон контролата на индустриските капацитети поврзани со загадувањето на воздухот, со воведување силни механизми за контрола и одговорност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation