Хаос во Скопје по мечот Шкендија – Јагелонија, интервенираше полицијата

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голем инцидент ја обележа вечерта по натпреварот меѓу Шкендија и Јагелонија, одигран во рамки на третото коло од Конференциската лига. Под западната трибина од Националната арена „Тодор Проески“, додека домашните навивачи си заминуваа од стадионот, дојде до судир со гостинските фанови од Полска кои чекаа да бидат изнесени.

Додека симпатизерите на Шкендија си заминуваа од стадионот избувна вистинска канонада – летаа шишиња, камења, па дури и црева од противпожарни апарати. Полициските екипи интервенираа брзо и ги вратија полските навивачи назад на трибините, за да се спречи поголем хаос и да се расчисти ситуацијата.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а драмата на теренот не застана до последните секунди. Шкендија поведе во 49 минута со голот на Лиридон Латифи, но гостите од Полска избегнаа пораз во 90+10. минута, кога Лозано го постави конечниот резултат. Јагелонија последните четири минути играше со фудбалер помалку, но успеа да извлече бод.

По три кола, Шкендија се наоѓа на 21 позиција со четири освоени бода, додека Јагелонија е 14-та со пет бодови.

По натпреварот, полскиот голман Милош Пиекутовски ја опиша атмосферата на стадионот како исклучително жешка и емотивна:

– Беше тежок натпревар бидејќи немаше многу чисти шанси. Кога голманот нема многу работа, мора да биде уште пофокусиран, бидејќи еден момент може да го одлучи исходот – изјави Пиекутовски.

Тој додаде дека темпераментот на македонските навивачи бил фактор што го отежнал натпреварот за полскиот тим.

– Темпераментот на локалните навивачи игра голема улога. Македонија е позната по своите енергични луѓе, а тоа се чувствуваше на трибините. Свирежите кога ја имавме топката ни го правеа натпреварот потежок, но атмосферата беше навистина жешка – изјави полскиот голман.

Share This Article